WordPress maintenance • редизајн • нови сајтови • e-commerce • SEO

Веб страната е вашиот 24/7 продавач

Ние сме вашите партнери во онлајн продажбата. Ви ја одржуваме вашата веб страна за да е секогаш брза и постојана, за да продава 24/7/365.

Вашата веб страната е застарена, бавна, не е одржвауна или едноставно не носи резултат и не ни знаете зошто ја имате? Најчеста болка, која се решава едноставно. Во партнерство со нас поседувате алатка за продажба и презентација.

Реалниот проблем на балканските бизниси

Најчесто проблемот не е што немате веб страна. Туку што имате но не ви носи резултат.

Многу бизнис веќе имаат веб страна, најчесто Wordpress. И речиси секогаш таа веб страна не им носи резултат, па и не знаат зошто ја имаат. Често е бавна, застарена, небезбедна, со лош изглед и функции за мобилни уреди, без SEO оптимизацја за пребарувачи. И најважно, без јасна цел зошто постои и што продава бизнисот. Си стои само, така, како за на визитка. И толку.

01

Имате присуство, ама немате доволно конверзија

Посетители можеби има, но нема доволно повици, пораки, побарувања или нарачки. Причината најчесто не е само во тоа колку е таа убава и каков е маркетингот до неа, туку и во тоа што нема добра продажна структура. Нема јасен продажен flow.

02

Имате веб страна, ама никој не ја одржува како што треба

Ви ја направиле во Wordpress. Во неа: тема, додатоци, функции. Багови, мали измени и нови функции, бекап. Се си бара континурирана активност. Сето ова бара работа со веб страната. И наместо добивка - ризик вие!

03

Вашиот бизнис вреди повеќе од впечатокот што го остава сајтот

Кога веб страната изгледа просечно или застарено, посетителот не ја гледа вистинската вредност на вашиот бизнис. А кога нема доверба, нема ни следен чекор. Нема продажба. Вие знаете дека не ве претставува одлично. И, што презедовте?

WORDPRESS SERVICE
UpdatesBackupSecurityContent changesUpgradesSEO
НЕОПХОДНО ЗА СЕКОЈА WORDPRESS ВЕБ СТРАНА

Вашиот онлјан продавач во постојана продажба и  топ кондиција 24/7/365 

За многу бизниси, најпаметниот прв чекор не е веднаш нова Wordpress веб страна. Првиот чекор е професионално одржување, а тоа значи редовен месечен апдејт на плагини и WordPress core, backup, решавање напади, промени во содржина и надградби на функции. Постојана грижа за системот што ве претставува онлајн. Сервис што ви штеди нерви, време и изгубени клиенти.

  • Редовни апдејти на WordPress core и додатоци
  • Backup и основна сигурносна рутина
  • Решавање на напади и технички проблеми
  • Промени во текст, слики и содржина
  • Надградби и функционални подобрувања
  • Поддршка што не ве остава сами кога ќе настане проблем
  • Постојана SEO оптимизација
Ако имате WordPress веб страна што веќе постои, ова често е најбрзиот начин од хаос да дојдете до контрола и продажба.
Што добивате во нашето партнерство

Од одржување до комплетна продажна платформа.

Не продаваме фиксни пакети што убаво звучат, а не му одговараат на вашиот бизнис. Даваме уникатна понуда затоа што секоја веб страна е со различни проблеми, различни потреби и цели. Ова се нашите основни групи на услуги.

Нова WordPress веб страна

Кога почнуваме од нула, не правиме само дизајн. Градиме структура што го претставува бизнисот професионално, комуницира јасно и го води посетителот кон акција. За бизниси кои сакаат доверба, јасна понуда и посериозен прв впечаток уште од првата секунда.

Lендинг страница 5–10 денаКорпоративна страница 7–14 дена

Редизајн на постоечка веб страна во Wordpress

Ако веќе имате веб страна, често нема потреба од нов почеток и паника. Подобруваме! Потребно е паметно редефинирање: нов изглед, подобра структура, подобар мобилен приказ и посилна содржина. Јасен продажен flow.

UX + mobileПочист sales flowСо или без готови теми

SEO оптимизација што почнува од структура

SEO оптимизацијата за пребарувачи не е трик што се додава на крај. Тоа е начин на поставување на веб страната уште од старт: структура, брзина, содржина, техничка чистота и јасна архитектура. За да ве наоѓаат побрзо.

On-page SEOContent + speedGoogle & Bing SEO ready
AI ready

WooCommerce и e-commerce

Кога продавате производи, ви треба платформа што е јасна и за клиентот и за вашиот тим. Работиме WooCommerce решенија со добра структура, checkout логика и интеграции со системи за плаќање.

14–30 денаCasys • NLB • Halkbank • Stripe • PayPalБезбедно, сигурно, проверено

Landing продажни страници

Ако пуштате Meta или Google кампањи, не ви треба посетителот да заврши на било која страница од вашата веб страна. Ви треба страници за Meta или Google реклами, со јасен фокус, силна продажна порака и CTA што води до прашање или наралка.

FunnelsLead generationConversion copyOne pager

Тековно одржување

Кога веб страната е важен дел од бизнисот, најдобро решение често е континуирана соработка. Така добивате тим што ве познава, реагира побрзо и постојано подобрува што е важно. Вие го работите вашиот бизнис!

Full serviceДолгорочна стабилностБезгрижност
прв контакт и насока
landing page испорака
корпоративен сајт
WooCommerce продавница
КОЈа Е ВАШАТА СТАРТНА ТОЧКА

Каде сте сега? A, B, C или D?

Ова е делот каде посетителот лесно се препознава. Наместо да размислува „дали ова е за мене?“, веднаш гледа во која ситуација се наоѓа и што е најпаметниот следен чекор.

A

Имате сајт, ама никој сериозно не го одржува

Тука прв чекор е maintenance: updates, backup, сигурност, багови и контрола.

B

Имате сајт, ама изгледа застарено и не продава доволно

Тука најчесто влегува редизајн со подобра структура, copy и CTA логика.

C

Имате продавница, ама сакате подобар e-commerce систем

Тука зборуваме за WooCommerce, checkout, плаќања, UX и вистински sales flow.

D

Ви треба нова веб страна

Кога немате добра основа, градиме јасен, брз и професионален WordPress сајт од нула.

Како работиме

Јасно, брзо и без непотребно комплицирање.

Јасен процес значи помалку губење време, помалку неразбирање и побрз пат до решение што реално му служи на бизнисот.

Чекор 1

Го гледаме контекстот

Линк до сајт, краток разговор, цел, проблем и приоритет.

Чекор 2

Даваме уникатна насока

Без пакети на услуги што не ви одговараат. Само решение според реалната потреба.

Чекор 3

Одиме на изработка или одржување

Одржување, редизајн, нова веб страна, продавница или landing - што и да е најпаметно.

Чекор 4

Пуштање, поддршка и следно подобрување

Не останувате сами по пуштањето. Продолжуваме со јасен следен чекор ако проектот тоа го бара.

Подготвени сме за старт

Пратете ни го сајтот. Ќе ви кажеме што точно би го подобрило.

Ако имате WordPress веб страна што не ви носи доволно сигурност, јасност или продажба, ова е моментот да ја разгледаме сериозно. Пратете ни линк, кратко објаснете што сакате да добиете, и ќе ви се вратиме со јасна насока и custom понуда.

Без пакетиБез маглаБез губење време
УНИКАТНА ПОНУДА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Пратете барање

Оставете контакт, линк до сајтот ако го имате, и 2–3 реченици што сакате да се подобри или да се изработи.

Ве контактираме во следните 24 часа. Без чекање и одложување!
Поддршка и гаранција ВО СЕКОЈА АКТИВНОСТ

Не ве оставаме сами ни по пуштањето на нова веб страна.

Доброто решение не завршува со објава на веб страната. Затоа во соработката вклучуваме и поддршка што носи сигурност уште од првиот ден.

  • Хостинг за првата година
  • Решавање багови во првиот месец по пуштање
  • Лиценци за комерцијални плагини за кеширање и SEO
  • Почетна техничка стабилност и јасен следен чекор
  • Можност за понатамошно maintenance и надградба
Идејата е едноставна: да добиете решение што тргнува сигурно, а не проект што веднаш бара спасување.
Пред да кажете „ќе размислам“

Најчестите причини поради кои бизнисите одложуваат се поврзано со веб страната - и зошто тоа ги чини многу.

Можеби не ви треба нов сајт. Но ако вашето онлајн присуство не создава доверба и не ја поддржува продажбата, тогаш ви треба решение. Џабе ви е супер профили на социјални мрежи, кога вашата веб страна не ја отсликува вашата реалност.

„Ја имам, нека стои“. Ја имам - е добра почетна точка, но и и не крајна цел. Прашањето не е дали имате веб страна, туку дали таа работи доволно добро за вашиот бизнис денес. Ако имате дуќан или канцеларија - ги имате „колку да стојат“? Колку да ги имате?

„Не ми треба веб страна - јас све работам на социјални мрежи.“ Одлично! Но социјалните мрежи се туѓ терен. Веб страната е свој терен. На својата веб страна ја контролирате својата приказна, довербата и продажната логика. Социјални мрежи се комуникација - промоција, која е прв чекор од интересот за купување.

Додека уште размислувате што да правите следно со веб страната, таа ќе е и понатаму бавна, небезбедна, невидлива за пребарувачите. Непосакувано место купувачите да ви купат! А тоа често е поскап проблем бидејќи губите продажба. А изгубен клиент - тешко се враќа назад!

Повеќе доказ. Помалку објаснување.

Нашите клиенти говорат за нас

Добивме преработка и техничко унапредување нашата е-продавница во брза, функционална и SEO-оптимизирана продажна платформа што го зајакнува брендот и ја зголемува видливоста на пазарот. Добивме и постојана е-продажба.
Алекс Дизајн, Скопје
DMCreative.pro ни изработи продажно ориентирана лендинг страница и SEO-оптимизирана веб страница што значително го зголемија бројот на побарувања и донесоа видливи продажни резултати.
Астибо Бејзик, Штип
DMCreative.pro ни изработи модерна и функционална е-продавница што одлично го претставува нашиот бренд и овозможува лесна комуникација, едноставно управување и ефикасна онлајн продажба.
Eco Loundry, Струмица
Со тимот на DMCreative.pro направивме редефинирање на нашиот онлајн идентитет. Така, 'Лице в лице' доби вистински партнер со кој освен работа, дели и вредности!
Лице в лице, Скопје
Добивме професионална е-продавница што го зајакна нашиот онлајн идентитет и успешно ја поврза комуникацијата на социјалните мрежи со продажбата. Онлајн нарачките ни се зголемија.
Dolce Macedonia, Скопје
Соработуваме уште од 2008-та година и низ годиниве добиваме стабилно, доверливо и професионално партнерство за развој, одржување и унапредување на нашите веб страници.
Источен плански регион, Штип
Digital Media Creative Pro го трансформираа нашиот продажен концепт во професионална и современа веб-продавница која совршено ги исполнува потребите на нашите клиенти.
Гајба.мк, Скопје
Работата со Digital Media Creative Pro беше исклучително професионална и ефикасна. Тимот целосно ја разбра нашата визија и потреба и ни помогна да ја реализираме.
Алутек - Хартек, Струмица
FAQ

Кратки одговори на најчести прашања пред нашиот прв состанок.

Колку брзо можете да почнете со услугата?

Почнуваме веднаш штом ги расчистиме целта, обемот и приоритетот. За итни WordPress интервенции и активности за одржување на веб страна, реакцијата е значително побрза од целосен нов проект - преработка на постоечка или изработка на нова веб страна.

Дали работите само нови веб страни?

Не. Голем дел од нашата работа е со постоечки WordPress веб страни: одржување, редизајн, SEO подобрување, брзина, безбедност и функционални надградби.

Дали нудите фиксни пакети за ваши услуги?

Не. Даваме уникатна понуда затоа што различни бизниси имаат различни проблеми, различни ресурси и различни цели. За сите наши услуги добивате прилагодена услуга според ваш буџет и приоритети.

Што влегува во одржување на веб страна?

Редовни месечни ажурирања на додадоците и WordPress јадро, бекап, решавање напади, промени во содржина и надградби на функции.

Што добивам по изработка и пуштање на нова веб страна?

Хостинг за првата година, решавање багови во првиот месец по пуштање и лиценци за клучни комерцијални плагини за кеширање и SEO.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.